СДСМ: Со изјавите Мицкоски креира политичка агенда на штрајкот на СОНК

од Берта Китинска
195 прегледи

„Срамно е однесувањето на Христијан Мицкоски и со неговите изјави креира политичка агенда на штрајкот на СОНК“, велат од СДСМ во реакција испратена до медиумите после изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

„Одбивањето на предлогот за зголемување на платите за 10 отсто или просечно за 2.500 денари во време на најголема светска економска криза е уценувачки потег на раководството на СОНК.

Затоа што наставниците многу добро знаат дека за период од пет години во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување од четири отсто или само 750 денари плус за период од пет години“, велат од СДСМ.

Велат дека во овие четири и пол години СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 21 отсто или од 3.200 до 6.400 денари.

Слични содржини