Барселона по завршувањето на сезоната ќе одлучува за Дани Алвеш

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Четири месеци по доаѓањето на Бразилецот Даниел Алвеш во Барселона, тимот е на второто место во поредокот во шпанската Ла Лига и значително го подобри својот настап.

Каталонскиот стручен штаб на чело со тренерот Чави Ернандез има намера да го задржи 38-годишниот Алвеш во своите редови, пишува шпанскиот весник „Диарио спорт“.

Чави ги цени квалитетите на Бразилецот и неговото искуство го смета за многу важно во работата со помладите играчи на Барселона.

Сепак, конечната одлука за иднината на Дани Алвеш во шпанскиот гигант ќе ја донесат членовите на управата на клубот, меѓу кои и Матео Алемани и Жорди Кројф. Се очекува тоа да се случи по завршувањето на сезоната во Ла Лига.

Самиот Алвеш често вели дека се чувствува добро во Барселона и сака да продолжи да го носи тимот на „Лос Кулес“. Екипата вечерва му гостува на Кадиз во натпревар од 32. коло на шпанскиот шампионат и доколку успее ќе се оддалечи на три бода од третото и четвртото место на табелата, односно од Севиља и Атлетико Мадрид.

Во моментов трите екипи имаат по 60 бода, но Каталонците имаат два натпревари помалку.

Слични содржини