Марковиќ: Провокацијата со „Ванчо Михајлов“ е од кујната на Каракачанов и Захариева

од Nikola Popovski
202 прегледи

Мислам дека иритира сѐ по ред. Мене посебно ме иритира е што ова мириса на оние комунистички игри, кои постојат од кујната на Каракачанов или Захариева, кои имаат цел да го урнисаат процесот, знаејќи овде каква ќе биде реакцијата. Реакциите се такви како што се, не бутнаа во еден национален консензус со нивната несмасна политиката. Разбирам како владата реагира млако, но не можам да ја оправдам. Јасно ми е замката, тоа е припремена игра, кај што ние ќе им забраниме да го основаат клубот, они ќе почнат да плачат дека сме им забраниле, кој што можеше да се вика било како поинаку, но не Ванчо Михајлов. Не ми е јасно дали овие 3500 што се попишаа како Бугари сакаат да се перцепираат низ призмата на таква контроверзна историска личност и дали Бугарија сака да биде перцепирана низ ликот и делото на Михајлов, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во емисијата „Топ тема“.

Според него, ова беше голема навреда од нивна страна.

-Македонија никогаш не асимирала како нив. Се надевам дека ќе сфатат дека ова беше голема грешка. Ова ги закочи работите и создаде зла волја. Проблемот е во тоа што тоа е позицијата на Бугарија. Немаат намера да признаат македонски јазик и народ. Ако спорот повторно отиде во идентитеските прашања, нема никогаш да има успех. Ако се сведе на вклучување на Бугарите во Уставот, може нешто да се извлече од ситуацијата, рече Марковиќ.

Слични содржини