Ердоган: Настаните во Буча и Ирпин фрлаат сенка на преговорите меѓу Русија и Украина

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека нападите врз цивилите во Украина го забавиле успешниот тек на преговорите меѓу Москва и Киев, со посредство на Анкара.

„Страните постигнаа опиплив напредок во преговорите, но снимките од Буча и Ирпин, употребата на цивили од Краматорск како мета фрлаат сенка врз нашите напори“, рече Ердоган, според новинската агенција Анадолија.

Тој нагласи дека Турција ќе продолжи да ги прави неопходните напори за да се стави крај на непријателствата во Украина и да се постигне одржлив мир меѓу Москва и Киев.