Мислам дека само ќе го охрабриме наративот дека овде се води свесна антибугарска политика под водство на тој центар. Тоа е главниот наратив што се кажува во европските центри, кој што ние како дипломатија трошиме толку енергија за да демантираме. На секои средби да објасниме дека не е така, дека немаме антибугарска политика и тоа се обидуваме секој ден да го правиме и тоа е борба. Не смееме да го охрабриме тој наратив, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прашањето дали може поранешните бугарски високи функционери Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева да се прогласат за персона нон грата и да им се забрани влез во Македонија.
Според Османи, во асимитрични односи сме.
-Они се поголеми и поважни во овој контекст, ние не сме. Не можеме и во однос на јавното позиционирање, ние треба попаметни да бидеме и повешти. Најлесно ми е да кажам се најлошо, тоа е со краток здив и после пак ќе треба одново да почнеме. Целта ни е да станеме европска земја. Ако заглави процесот, ќе има и социјални последици. Ако Албанија ги почне преговорите, а ние не, тогаш после јуни не верувам дека ќе има голем ентузијам во решавање на прашањето. Тоа ќе отвори и други теми, рече Османи на денешната прес-конференција.