Нови откритија: Пике го убедувал Рубиалес да договори да игра на Олимпијадата

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Продолжуваат да излегуваат нови откритија за тајните договори меѓу фудбалерот на Барселона, Жерар Пике и претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес. Како што веќе беше откриено од аудио снимката објавена од El Confidential, компанијата на Пике за спортски настани – „Космос“, покрај преселбата и организацијата на турнирот за Суперкупот на земјата во Саудиска Арабија, зела провизија од 24 милиони евра.

Сега стана јавна снимка, исто така направена во 2019 година, на која дефанзивецот бара од првиот човек на федерацијата Луис Рубиалес да договори тој да биде дел од олимпискиот тим на Шпанците на Игрите во Токио во 2020 година.

„Разговарајте со тренерот Луис де ла Фуенте. Треба да го направиш тоа за мене, Руби“, вели Пике.

Според правилата на Олимпијадата, секој тим може да земе само до тројца играчи над 23 години. Пике многу сакаше да биде еден од овие тројца, но условот беше се да се чува во тајност до крајот. Искусниот играч на Барса стравуваше дека ако се разбере, и други постари играчи ќе побараат исто.

Рубиалес подоцна потврди дека разговарал за ова со тренерот на Шпанија кој ги водеше на Олимпијадата. Меѓутоа, во еден момент стравувањата на Пике беа потврдени бидејќи протекоа информации за идејата тој да отпатува во Јапонија. Тогаш капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос побарал средба со претседателот на федерацијата, бидејќи и тој сакал да лета за Токио.

На крајот ниту еден од нив не се најде на списокот бидејќи Олимпијадата беше одложена за летото 2021. Тројцата постари играчи во тимот во тоа време беа Марко Асенсио, Дани Себајос и Микел Мерино.

Шпанците стигнаа до финалето, но загубија од Бразил.

Слични содржини