Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата и затоа нагласуваме дека недела конечно е ден на неделен одмор и е реалност колку и тоа на одредени работодавачи да не им се допаѓа.
-Работниците веќе го чуствуваат бенифитот од ова право, ден на неделен одмор да биде недела кое е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат, соопштија од ССМ.
Од ССМ велат дека за жал постојат несовесни работодавачи кои и покрај донесените Закони, свесно ги прекршуваат и очекуваат Државниот инспекторат за труд да прави зачестени контроли и побрзо и поефикасно да постапува по пријавите од ССМ и работниците за прекршување на ова работничко право, поради тоа што истите работеле во недела спротивно на Закон, а за дел од дејностите како 92 – Дејности на коцкање и обложување, итн) кои исто така свесно го прекршуваат Законот, а за што ССМ има доставено преставки до трудовиот и пазарниот инспекторат како и до надлежните министерства.
-Во поглед на иницијативата од страна на Стопанската комора, ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.”, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор”, а „Од овие права вработените не можат да се откажат” и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.”
Нагласуваме дека на секоја држава и се потребни здрави работници и граѓани , а тоа особено дојде до израз во последните 2 години за време на ковид пандемијата , недвосмислено се докажа дека без здрави работници и граѓани не може да се обезбеди опстанок на државата , ниту да се одржат економските и општествените процеси .
Наша правна водилка во обезбедувањето на ова право беа националните и меѓународните закони и документи: Уставот и работно правното законодавство на државата, Општа декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на правата,Конвенцијата за неделен одмор и др .
Сите овие закони и фундаментални документи за човековите права од национална и меѓународна природа поаѓаат од постулатот дека секој има право на работа и работни услови кои го почитуваат човековото достоинство .Во таа насока секој има право на ограничување на максимслниот број на работни часови , дневен,седмичен,годишен одмор и право на платено отсуство.(Член 31 Повелба на основните права на ЕУ).
Истовремено укажуваме дека согласно Конвенцијата за неделен одмор C 106 е јасно наведено дека сите работници треба да имаат право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од 7 дена, дека периодот на неделен одмор треба да коинцидира со денот од неделата што се смета за ден за одмор согласно на традицијата и обичаите на земјата или регионот, дека секоја земја може да се примени посебен режим на неделен одмор или, за определни категории на лица или организации опфатени со Конвенцијата, да им се плати за сите соодветни социјални и економски барања и др.
Истовремено Конвенцијата упатува и дека во определувањето на условите во кои привремените иземања за неделен одмор се дозволени репрезентативните организации на работниците и работодавачите, онаму каде што истите постојат, треба да бидат консултирани што е случај во во нашата Држава поради тоа што на ваквото законско решение дадоа согласно сите репрезентативни претставници на работниците и работодавачите преку процесот на социјалниот дијалог на Економско – социјалниот совет.
Допоплнително нагласуваме дека дури во Конвенцијата е јасно наведено дека ниту една одредба од оваа Конвенција нема да влијае на закон, одлука, обичај или договор кој обезбедува поблагопријатни услови за работниците од оние што се обезбедуваат со оваа Конвенција што е случај со Измените на Законот за работните односи со кои се прогласи недела за ден на неделан одмор за над 92 % од работниците.
Работодавачите со ваквите постапки го покажуваат своето вистинско лице, дека не ги почитуваат работничките права дека не ги почитуваат работниците и дека најважен им е личниот интерес и нивното богатење на грбот на трудото на работникот, а како пример само го наведуваме дека само во месец јануари 2022 година 2400 правни субјекти не ги платиле своите работници за работа во недела и покрај законските одредби, соопштија од Синдикатот.
Тие го повикаа Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која е спротивна на Уставот, а ги охрабруваме почитуваните Судии разгледувањето на иницијативата и нејзиното отфрлање кое е предвидено за денеска.