Деп сведочеше против Херд: Обвинувањата се грозоморни, никогаш во животот не сум удрил жена

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Џони Деп сведочеше во вторникот попладне на судењето против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, велејќи дека бил фокусиран на „расчистување на работите“ во врска со обвинувањата дека бил вклучен во семејно насилство.

„Вистината е единственото нешто што ме интересира. Лагите нема да ве одведат никаде, туку ќе се натрупаат една врз друга. Опседнат сум со вистината“, рекол Деп, пренесува Variety.

Актерот негираше дека некогаш бил насилен кон Херд или кон која било друга жена, иако таа го обвини дека ја удирал, давел и шутирал во неколку наврати за време на нивната врска. Таа исто така тврдеше дека ја силувал додека биле во Австралија во 2015 година.

Херд и Деп се разведоа во 2016 година. Во декември 2018 година, актерката објави колумна во „Вашингтон пост“ во која алудира на нејзините претходни обвинувања дека нејзиниот поранешен сопруг ја тепал, иако таа не го спомна неговото име.

Затоа Деп ја тужи за клевета и бара отштета од 50 милиони долари.

„Чувствувам дека е моја одговорност да застанам не само за себе во овој случај, туку и за моите деца. Мислев дека е лудо моите деца да одат на училиште и нивните пријатели или луѓе од училиште да им ја покажат познатата насловна страница на „People“ списание на која госпоѓица Херд е со темна модринка на лицето“, рече Деп на говорницата на сведоците.

Тој посочи дека обвинувањата против него се „одвратни и вознемирувачки“ и „не се засноваат на никаков вид вистина“.

„Многу е чудно што еден ден си Пепелашка, а за 0,6 секунди си Квазимодо“, рече тој.

Деп ги потврди и зборовите на неговата сестра дека трпел насилство од мајка му додека растел во Кентаки, велејќи дека таа го фрлала и го тепала со чевли со високи потпетици.

Актерот зборуваше и за почетокот на врската со Херд, велејќи дека се изгледало „премногу добро за да биде вистина“.

„Беше внимателна, полна со љубов, паметна, добродушна, забавна, полна со разбирање“, рече тој и додаде дека ги поврзала љубовта кон блуз музиката и читањето.

Посочи дека имала навика да му ги соблекува чизмите кога ќе се врати дома.

Меѓутоа, по година и пол, според него, „таа станала сосема друга личност“.

Деп се осврна и на пораките кои беа прикажани на судењето како доказ, во кои зборуваше за Херд на насилен и вулгарен начин, велејќи дека е п **ка и што ќе прави со нејзиниот „трул труп“.

Тој рече дека бил склон кон „црн хумор“ бидејќи бил под влијание на Хантер С. Томпсон и Пајтоните.

„Се срамам од некои зборови. Се срамам што тоа што го почувствував во тој момент, жарот на болката ме однесе на некои темни места“, рекол актерот.

Слични содржини