The Weeknd и ќерката на Деп ќе бидат пар во нова серија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Младата манекенка Лили Роуз Деп и познатиот рапер The Weeknd ќе ја имаат главната улога во новата серија на HBO „Идол“.

Имено, раперот е еден од креаторите на оваа серија, а воедно заедно со Лили Роуз ќе игра и една од главните улоги.

Неодамна беше објавен првиот трејлер за оваа продукција, која беше најавена како „најлигавата љубовна приказна во Холивуд“ чии главни актери се поп-ѕвездата во подем која ја игра ќерката на Деп и гуруто за самопомош, како и потенцијален водач на култ кој го игра The ​​Weeknd.

Се уште не се знае кога точно ќе почне да се прикажува серијата, но познато е дека се снимени седум епизоди.

Покрај раперот и Деп, во оваа продукција ќе се појават и Троја Сиван, како и Џени Ким од женската група „Блекпинк“, заедно со актерите Рејчел Сено, Хари Неф, Елизабет Беркли и други.

Лили Роуз Деп го имаше своето актерско деби во 2014 година во филмот „Туск“.

Слични содржини