Москва за забраната за настап на „Вимблдон“: Одлуката нема врска со спортот, се работи за политика и пари

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Лидерите на рускиот тенис и пратениците во Думата реагираа на најавата дека нивните и белоруските тенисери ќе добијат забрана за учество на Вимблдон.

Бројни светски медиуми, пред се „Њујорк Тајмс“, објавија дека челниците на „Вимблдон“ наскоро ќе излезат со официјално соопштение за забраната.

„Не можеме ништо да направиме. Мислам дека таквата одлука е погрешна, но ништо не може да се смени, нашата тениска федерација веќе направи се што е во нејзина моќ. Не сакам да зборувам на оваа тема, се што ќе кажам може да оди само на штета на спортистите. По моите зборови, за нив може да биде само полошо. Работиме на оваа ситуација, само тоа можам да кажам“, изјави Тарпишчев за „Спорт експрес“.

Пратеникот од Думата, Дмитриј Свишчев, во моментов е на чело на Комитетот за физичка култура и спорт на Думата. Реагирајќи на веста од „Вимблдон“, тој рече дека одлуката е мотивирана од „парите и политиката“.

„Велика Британија е позната по своите антируски изјави и став, не само денес, така било отсекогаш. Сега гледаме целосна хистерија за спортистите. Свесни сме дека Меѓународната тениска федерација во основа им дозволува на нашите тенисери да учествуваат под знамето на ИТФ. Друга работа е Вимблдон, најстариот турнир во светот, тие живеат според нивни правила и принципи. И двете одлуки немаат врска со спортот. Се работи за политика и пари. Тоа е она што владее со „Вимблдон“, изјави тој за РИА Новости.

Се уште нема најава кога би можела да биде објавена официјалната одлука на „Вимблдон“.

Во моментов, 12 тенисери од Русија и Белорусија се меѓу 100-те најдобри на АТП и ВТА листата.

Слични содржини