Спасовски: Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ е провокација

од Берта Китинска
195 прегледи

Отворањето на Културниот центарот во Битола и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо, тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки,

Според него самиот чин претставува провокација и нема никаков придонес кон подобрувањето на односите ниту ќе ја подобри климата во Бугарија ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија.

– Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално и тоа го прави секој граѓанин заради тоа што борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која што сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, тие традиции да ги негуваме се со цел да не ни се врати нешто што навистина беше погубно за целиот свет.Сметам дека сите политичари треба да се свртат кон индината зашто е важно при носењето одлуки да се фокусираме на идните генерации и да не загрозиме ништо што досега го имаме изјави Спасовски.