Лазов: По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење

од Берта Китинска
232 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.

“Владата за време на целиот овој период додека трае кризата одговорно постапува и носи одлуки за да ги заштити граѓаните. Сите мерки кои ги носиме имаат една цел, одржување и зголемување на домашното производство на стратешки култури. Обезбедивме 400 милиони денари Интервентен фонд како директна помош на земјоделците. Сега секој земјоделец добиварекордна поддршка и субвенција. Со овие мерки земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Дополнително со скоро 100 евра од хектар, ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот за стратешките култури. Распишавме наменски јавен оглас и на располагање ставаме дополнителни 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште за обработка со стратешки култури во 14 региони низ државата, каде овие култури успеваат”рече министерот Николовски.

Генералниот директор на „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес“ Горан Лазов подвлече дека ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи.

“Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарт“ кажа Лазов.

Слични содржини