Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња

од Берта Китинска
242 прегледи

Советот на Град Скопје, на денешната седница донел одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.

Како што информираат градските власти, со оваа одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики.

„Вонсудското спогогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите пропратни процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото“, посочуваат од Град Скопје.

Согласно со новата одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња.

Комисијата ќе одлучува врз основа на правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.

„Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од 15 милиони денари, во 2021 година повеќе од 26 милиони денари. Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека во 2021 година се поднесени 589 тужби“, истакнуваат градските власти и додаваат носењето на одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства во градскиот буџет.

Слични содржини