Нинова: Обраќањето на Ковачевски го отежнува дијалогот, да се спроведе билатералниот договор

од Nikola Popovski
268 прегледи

Бугарската вицепремиерка и министерка за економија и индустрија Корнелија Нинова го прокоментира синоќешното видео обраќање на социјалните мрежи на премиерот Димитар Ковачевски во врска со посетата на бугарската делегација на Битола и отворањето на контроверзниот културен клуб „Ванчо Михајлов“.

-Таквата изјава ги отежнува дијалогот и разговорите и попрво треба да се воздржиме од такви изјави на двете страни доколку сакаме да постигнеме некаков напредок. Во спротивно, ако начелно ме прашувате за нашиот став, тој останува непроменет – да се спроведе билатералниот договор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и потоа ќе има „зелено светло, изјавила денес Нинова, пренесуваат бугарските медиуми.

Провокациите за еднократна политичка корист прават долгорочна штета на преговорите со Бугарија, рече во обраќање до македонските граѓани Ковачевски.

-Верувам дека треба да продолжиме и да работиме на зајакнување на дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот. Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад. Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме, вели Ковачевски.

Во обраќањето Ковачевски додава дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме. Оттука, вели тој, целосно го разбирам и чуствувам гневот на граѓаните во изминатите денови.

Слични содржини