Свитолина: Ако не го осудат Путин, исфрлете ги руските тенисери

од Nikola Popovski
267 прегледи

Елина Свитолина, моментално 25-та тенисерка во светот, им се обрати на челниците на АТП и ВТА со барање да не им дозволат на руските и белоруските тенисерки да се натпреваруваат, освен ако јасно не го осудат Путин и неговата воена интервенција во Украина.

Украинката се обрати со отворено писмо на денот кога Вимблдон објави дека тенисерите од Русија и Белорусија нема да можат да настапат на најпознатиот турнир во светот.

„Тениска заедницо, на 24 февруари Русија ја нападна Украина со поддршка на Белорусија. Војната се одвива во мојата земја. Украинците се принудени да ги напуштат своите домови и да се борат за живот. Сите кои во овој момент молчат, всушност се ставаат на страната на агресорот“, истакна Свитолина.

Украинката потоа упати јасно барање до водечките тениски организации.

„Ги замолувам претставниците на Русија и Белорусија јасно да одговорат на следниве прашања: Дали ја поддржувате агресијата на Русија и Белорусија против Украина и дали го поддржувате режимот на Путин и Лукашенко. Ако дадат јасна изјава, можат да останат на турнирот, а ако одговорите се поддршка на војната, сакам сите што одговараат да бидат спречени да играат на АТП, ВТА и ИТФ натпреварувањата“, заклучила Свитолина.

Слични содржини