Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио ја одби првата понуда од Милан. Не е тајна дека 26-годишниот фудбалер е избран од „росонерите“ за нивната летна селекција. Во оваа фаза, сепак, не бил импресиониран од предлогот на Италијанците, наведува „Централ дифенс“.
Асенсио не е особено задоволен од статусот на резерва во Реал Мадрид и речиси сигурно ќе побара трансфер на лето. Тој има договор со клубот до 2023 година, па шансата да биде продаден не е мала.
Тренерот Карло Анчелоти неодамна изјави дека смета на 26-годишниот Шпанец и се надева дека тој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“. Во исто време, сепак, Асенсио продолжува да игра помала улога, особено во важните натпревари. Инаку, во текот на сезоната има 37 натпревари, 11 голови и 1 асистенција, но доста често се појавува од клупата за резерви.
Милан се обидува да ја искористи ситуацијата и да го убеди Асенсио да се упати на „Сан Сиро“ на лето. „Росонерите“ стапиле во контакт со агентот на играчот и му испратиле првична понуда со годишна плата од 5 милиони евра. Сепак, фудбалерот не бил особено импресиониран од оваа понуда, иако таа е повисока од платата што моментално ја добива во Реал – 4,5 милиони.
Тој се надева дека доколку ја промени клупската припадност ќе може да договори плата во опсег од 7-8 милиони евра по сезона.