423
Штрајкот не е авантура, вели првиот човек на ССМ, Дарко Димовски во Утрински Брифинг во врска со одбивањето на понудите од Владата кои ги достави до СОНК.
-Ние ќе преговараме со владат со факти на маса.Јаким Неделков ветува 18,4 проценти, а по излагањето на Влада секоја негова изјава е дека чекаме добра понуда од Владата, другари што правиме ние? Преговарам согласно закон или ги туркаме луѓето во штрајк за 18,4 проценти и чекаме понуда од Владат. Па што е ова квизот на Лила Филиповска? банкарот е Владата, Јаким Неделков е гостин кај Лила и вели понудата важи или не важи, дајте луѓе бидете сериозни. Штрајкот не е авантура, вели Димовски.