Матеус: Баерн требаше досега да го продолжи договорот со Левандовски

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Рекордерот по бројот на натпревари за Германија, Лотар Матеус, смета дека неговиот поранешен клуб Баерн Минхен требало да му понуди нов договор на својата ѕвезда Роберт Левандовски, бидејќи ризикуваат да го загубат бесплатно следната година.

„Ќе го продолжев договорот со Левандовски многу порано. Левандовски двапати е избран за играч на годината, ако имаш шанса да врзеш таков играч, мора да направиш се за него“, изјави Матеус за ДПА.

33-годишниот Левандовски има договор со Баварците до 2023 година, но е поврзан со трансфер во шпанскиот гигант Барселона.

Шефот на Баерн, Оливер Кан ја отфрли можноста за трансфер ова лето, но преговорите за нов договор се уште не дале резултат.

„Не гледам на неговите години, туку на неговите перформанси. Ако има четири или пет играчи како него во тимот, тогаш треба да размислите кој може да биде важен следната година и каде треба да се направи промена. Но, секоја екипа би сакала да го има Левандовски во своите редови“, додаде поранешниот репрезентативец и легенда на Баерн.

Слични содржини