Поранешниот играч на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, откри дека неговото враќање во клубот од Торино не е планирано.
На 16 април (1-1 против Болоња), тој се појави на стадионот на домашната екипа за прв пат по 2012 година, што веднаш беше сфатено како знак дека нешто се случува.
„Ја ценам желбата на медиумите и навивачите да направат одредена истрага, но во моментов е несоодветно да се коментира можност што не постои“, изјави Дел Пјеро за Sky Sport Italy.
„Благодарение на минатото, врската меѓу мене и овој клуб е неверојатна, што и да се случи. Да не коментираме хипотези. Немаше скриени мотиви или тајни средби кога го посетив стадионот. Им честитав на сите: Андреа Ањели, Павел Недвед и многу од моите поранешни соиграчи. Бев среќен што ги видов лично“, истакна тој.
Светскиот шампион веќе неколку години има ресторански бизнис во Лос Анџелес.