Герасимовски: Кај „Треска“ има азбестен покрив, кој е штетен кога се крши

од Nikola Popovski
283 прегледи

Се одлучи заедно со директорот на Инспекторатот за средба на која што ќе се договориме како ќе се расчистува отпадот на целата територија на фабриката Треска. По дадените насоки од ОЈО и записниците од МВР ќе свикаме уште еден кризен штаб за да ги утврдиме следните чекори како ќе постапиме како општина, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во емисијата „Вин вин“.

Герасимовски информира дека со полицијата се договориле да се прави надгледување на парцелата, за да не настанат повторни кражби или нови пожари.

-Без маска бев извесен период, а потоа со маска. Последици малку почувствувавме од чадот. Како општина постапивме брзо, тим луѓе директно излеговме од канцеларија. Повикавме Црвен крст, Брза помош и обезбедивме вода.  Нашите информации се дека освен железо, лакови, азбестен покрив, кој што го има на многу покриви, дека истиот е штетен, не гори, но е штетен кога се крши. Првата изјава беше дека јас и општината ќе направи се за да ја исчистиме парцелата, кажа Герасимовски.

Слични содржини