ВМРО-ДПМНЕ: Бесими најави ново задолжување, потребни се предвремени избори

од Vladimir Zorba
225 прегледи

„Фатмир Бесими најави ново задолжување, под превезот за буџетски потреби. Тоа буквално значи дека владата ја клекнала економијата на колена и во буџетот немаме намалени приливи, туку зголемени расходи“, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„5 години ВМРО-ДПМНЕ предупредува на лошите економски политики, проследени со криминал, корупција и местење тендери, 5 години владата продолжува со исто темпо и резултат веќе сите го гледаме.

Државата има јавен долг над 7 милијарди евра, а повеќе не се задолжуваме како држава за нови проекти, туку за буџетско одржување, т.е. преживување.

Потребни се итни мерки за заздравување на економијата и поттикнување на економскиот раст, а тоа се процеси кои СДСМ и ДУИ не можат да ги водат. Затоа потребни се предвремени избори час поскоро“, додаваат оттаму.