„Пресудите за „Плацеви на Водно“ се уште една силна потврда: „ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија“, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
202 прегледи

„Пресудите во предметот „Плацеви на Водно“ се уште една силна потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите многу добро го знаат: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Шефот на Мицкоски е осуден со нова судска пресуда од 7 години“, соопштија утрово од СДСМ.

„Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ се кривичните дела што шефот Мицкоски ги сторил во овој судски предмет.

Овие кривични дела за коишто сега веќе има судска пресуда се направени и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски.

По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски.

Но зошто молчи Мицкоски? ВМРО-ДПМНЕ останува најкриминалната партија во Европа, а Мицкоски останува единствениот на браникот на криминалот“, додаваат оттаму.

Слични содржини