МЗ: Податоците за состојбата со ковид од викенд ќе се објавуваат во понеделник

од Берта Китинска

Податоците за состојбата со Ковид-19 од викенд ќе се објавуваат во понеделник, информираа од Министерството за здравство.

Ова, како што се посочува, е заклучок кој Комисијата за заразни болести го донела на последниот состанок, согласно предлогот на Институтот за јавно здравје – дневното инфо за состојбата со Ковид-19 во текот на викендите да се подготвува и презентира во понеделник.

Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.

Слични содржини