Пол Погба нема да остане во Манчестер Јунајтед. На Французинот му истекува договорот и се очекува на лето да го напушти „Олд Трафорд“, а претстојната разделба ја потврди и менаџерот на тимот Ралф Рангник.
„Во моментов ситуацијата е таква што Погба нема да го продолжи договорот. Веројатно нема да биде тука следната сезона“, изјави Рангник.
Германскиот стручњак изјави и дека Погба сигурно ќе го пропушти дербито со Арсенал и нема да биде изненадување доколку не учествува на ниту еден натпревар до крајот на кампањата.
29-годишниот Французин беше купен за 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, но не ги оправда големите очекувања. Оваа сезона често го мачат повреди, забележувајќи само 20 натпревари и 1 гол во Премиер лигата.
Пред неколку дена Погба беше принудно заменет во поразот од Ливерпул со 0-4 на „Енфилд“, а на натпреварот против Норич минатиот викенд беше исвиркан од навивачите на „црвените ѓаволи“.