Шмихал: Очекувам наскоро повторно да се отвори американската амбасада во Киев

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Украинскиот премиер Денис Шмихал на крајот од посетата на Вашингтон изјави дека апсолутно очекува САД повторно да ја отворат својата амбасада во Украина, но не сакаше да каже кога тоа би можело да се случи.

„Тоа, се разбира, ќе се случи, но да почекаме“, рече Шмихал на прашањето на новинарите дали добил гаранции од американската администрација дека повторно ќе ја отвори амбасадата во Украина, пренесува Ројтерс.

Велика Британија најави дека следната недела повторно ќе ја отвори својата амбасада во украинскиот главен град Киев, придружувајќи им се на другите европски земји кои најавија такви планови по повлекувањето на руските сили, соочени со силен украински отпор во северна Украина.