Боксерскиот свет остана без голема легенда. Тајсон Фјури потврди дека е подготвен да се пензионира откако „остварил се што планирал“.
Тој се одлучи на овој чеко откако во шестата рунда од мечот на „Вембли“ со аперкат го нокаутира Дилијан Вајт и ја одбрани титулата шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ.
33-годишникот приреди спектакл за 100.000 навивачи на најголемиот стадион во Англија, по што следеше прослава кога Вајт заврши на подот. Успеа да стане за момент, но сепак изгледаше потресено и дезориентирано, па судијата Марк Лејсон ја прекина борбата. Забавата започна.
Tyson Fury uppercut KO! 😳🐐 pic.twitter.com/ysQezgxUn2
— the jew jitsu (@brentsehxti) April 23, 2022
Со нетрпение се чекаше најавата на боксерот за да се потврди дали навистина планира да се пензионира. Дали последенн пат влегол во рингот …
„На жена ми Парис и ветив дека ќе ја завршам кариерата по третата борба со Дионтеј Вајлдер. И така мислев. Тоа беше одлична трилогија. Но, ми понудија да се борам дома, на „Вембли“, мислам дека таа борба им ја должев на обожавателите. Секој човек во Обединетото Кралство. Сега е готово. Морам да бидам човек од збор, мислам дека тоа е тоа. Ова може да биде спуштање на завесата на кариерата на Кралот на Циганите. А ова беше добар начин да го направам тоа – рече тој.
"It's never been about money. I drive in an 07 Passat! .. I know money can't make happiness .. all I ever want to do is win!"@Tyson_Fury speaking truths once again.#FuryWhyte pic.twitter.com/52gVvRlwMd
— #FuryWhyte | Saturday | BT Sport Box Office 🥊 (@BTSportBoxing) April 23, 2022
Сето ова го најави и претходно пред борбата.
„Ова е последна борба во мојата кариера, после тоа ќе се пензионирам со 150 милиони долари во банка, здрав и млад. Ќе купам голема јахта во странство. Се повлекувам, тоа беше тоа. Уште оваа борба и готов сум“, рече тој во март.