Вартоломеј: Во Украина се случува неопислива човечка трагедија

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Вселенскиот патријарх Вартоломеј утринава во својата велигденска порака повика на отворање на хуманитарни коридори во Украина каде, како што рече, „се случува неопислива човечка трагедија“.

Вартоломеј, кој претходно повика на прекин на војната во Украина, изрази надеж дека „отворањето на хуманитарни коридори и безбедни премини до вистински безбедни области за илјадници луѓе заробени во Мариупол“ ќе започне на Велигден оваа година, пренесе Ројтерс.

„Истото важи и за сите други региони на Украина, каде што се случува неопислива човечка трагедија. Уште еднаш повикувам на итен прекин на братоубиствената војна, која, како и секоја војна, го поткопува човечкото достоинство“, рече Вартоломеј за време на велигденската служба. во Истанбул.

Слични содржини