Бетис го освои Кралскиот Куп, па го зема Иско од Реал Мадрид?!

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Фудбалерите на Бетис синоќа го освоија Купот на кралот, а денеска веќе се пишува за интересно засилување за тимот на Пелегрини.

Според сигурни извори од Шпанија, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, преговара со Бетис.

Договорот на Иско истекува на 30 јуни, а Реал нема намера да го продолжи, па се очекува Шпанецот да избере во кој клуб ќе се приклучи како слободен играч.

Бетис е атрактивна дестинација, ќе игра во Лига Европа, а не е исклучено до крајот на сезоната да стигне и до Лигата на шампионите.

Иско има 30 години, но поради, по малку непрофесионалниот начин на живот, веќе две сезони не е во најдобра физичка форма.

Тој беше клучен во маршот на Реал кон тројна последователна европска круна, но неговиот пад започна во 2019 година.

Не беше ниту во плановите на Зидан, ниту сега на Анчелоти, но доколку се помачи и се врати во форма, ќе биде големо засилување за Бетис.

Слични содржини