Тениски потрес: Вимблдон се спушта на ниво на егзибициски турнир?

од Nikola Popovski
248 прегледи

Одлуката на Вимблдон да им забрани учество на Русите и Белорусите го подели тенискиот свет.

АТП најпрвин излезе со соопштение во кое го осуди ваквиот потег на најпрестижниот тениски турнир во светот, а сега отиде и чекор понатаму.

Според последните информации кои ги пренесоа медиумите, но ги потврдија и некои тениски тренери, АТП и ВТА наскоро ќе имаат состанок во Мадрид, а темата ќе биде вистински преседан.

Размислуваат да одземат бодови на Вимблдон за ВТА и АТП листата. Поточно, Вимблдон би станал најдобро организирана, најбогата и најмасовна егзибиција бидејќи никој не можел да освои ниту еден бод.

Алтернативата е да се најде решение за бодови кои ќе им бидат доделени на Русите и Белорусите врз основа на некои претходни резултати.

Веројатно има уште простор за договор со Вимблдон, но славниот турнир ќе одржи прес-конференција на 26 април.

Вимблдон е на програмата од 27 јуни до 10 јули.

„Слушам дека АТП и ВТА ќе имаат состанок во Мадрид за да разговараат за потенцијалното одземање на сите бодови на ранг-листата на Вимблдон оваа година, па тие практично ќе го претворат турнирот во егзибиција“, напиша Кирон Ворстер, тениски тренер.

Евгениј Кафелников, познат тенисер изјави дека истото планираат да го направат и со Квинс.

Слични содржини