Во дербито на 34. коло на Премиер лигата, Арсенал славеше против Манчестер Јунајтед (3:1), а интересен „дуел“ имаа Србинот во дресот на гостинскиот тим Немања Матиќ и симпатизерите на Топџиите.
Манчестер Јунајтед продолжи да кикснува, тимот од Олд Трафорд загуби чекор во трката за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Како што сега стојат работите, избраниците на Ралф Рангник до крајот на сезоната ќе се борат за пласман во Лигата на Европа.
Немања Матиќ беше во стартниот состав, исто како и на гостувањето кај Ливерпул. Овојпат не го одигра целиот меч, беше заменет во 77. минута, кога наместо него на теренот излезе Рашфорд. Србинот потоа седна на клупата, а веднаш следеа провокациите од домашните навивачи, на сметка на играта на неговиот тим.
Матиќ итро реагираше, покажувајќи им на симпатизерите на Арсенал дека има три трофеи откако е на Островот и дека нивните миленици не освоиле ниту еден во тој период. Матиќ ги освои сите три трофеи додека го носеше дресот на Челзи, две титули во сезоните 2014/15 и 2016/17, како и ФА Купот од сезоната 2009/10.
Mourinho taught Matic well
pic.twitter.com/VBjfCXdEPh— Alexei (@MUFC_redarmy99) April 23, 2022