ТУРЦИЈА ПОДГОТВЕНА ДА ПОМОГНЕ: Ердоган и Зеленски разговарале по телефон

од Nikola Popovski
222 прегледи

ТУРЦИЈА е подготвена да ја пружи сета можна помош во текот на преговарачкиот процес меѓу Украина и Русија.

Како што наведува Ројтерс, ова му го кажал претседателот Реџеп Таип Ердоган на својот украински колега Владимир Зеленски за време на телефонски разговор остварен денеска.

Се наведува дека Ердоган посочил дека мора да се овозможи евакуација на ранетите и цивилите од Мариупол.

„Пред разговорот со Владимир Путин, ја истакнав потребата од итна евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и челичарницата Азовстал, како и итна размена на блокирани војници“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека со Ердоган разговарал за преговарачкиот процес, координацијата со Турција и другите земји и безбедносните гаранции за Украина. Разговарале, наведува Зеленски, и за прашањата за одбраната и глобалната безбедност на храната, „која е под закана поради блокирањето на пловидбата во Црното Море“.

Последната рунда директни преговори меѓу украинската и руската делегација, да потсетиме, се одржа во Истанбул.