Неверојатна глетка: По сообраќајка од камион испаднале пакети со марихуана (ФОТО)

од Nikola Popovski
438 прегледи

НЕОБИЧНА глетка затеканле полицајците кои пристигнале да расветлат сообраќајна несреќа.

Според објавата на официјалниот профил на Твитер, инцидентот се случил во 7:15 часот по локално време во округот Калавеј, Мисури, кога камион во обид да избегне друга сообраќајна несреќа налетал на камион во кој удрил друг камион.

Од силината на ударот товарот испаднал од камионот, а станало збор за пакети со марихуана. Поточно се работи за речиси 230 килограми забранети супстанци поради која двајца мажи се лишени од слобода по укажаната лекарска помош. Ним им се заканува затворска казна до 30 години. Интересно, несреќата се случила на 20 април, ден познат и како „Weed Day“, кој корисниците на марихуана го слават на соодветен начин.

Во моментов има две активни иницијативи во сојузната држава Мисури насочени кон легализација на марихуаната.

Слични содржини