Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера попладне било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во сопствениот стан бил пронајден починат Ш.Х.(60).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт.
Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено во Институтот за судска медицина, за обдукција.