Русија испрати нота до САД со барање за прекин на испораката на оружје за Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
Антонов за ТВ Русија-24 оцени дека испораките на американско оружје за Украина не придонеле за барање дипломатско решение, пренесе весникот „Известија“.
„Дали испративме нота, да, укажавме на неприфатливоста на ситуацијата кога САД ја снабдуваат Украина со оружје, побаравме да престане оваа практика“, нагласи Антонов.