Позициите на Бугарија водат кон асимилација на македонскиот народ, велат од опозицијата

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Ветото од страна на Бугарија, и покрај сите порази кои ги доживеавме, нема да биде кренато, туку како што вели Петков поместено, додека не се прифатат сите барања од Софија. Со овие позиции, Бугарија сака ние да бидеме асимилирани и целосно да ги прифатиме сите нивни барања кои се вклучени во Резолуцијата изгласана во 2019-та година изгласана од бугарскиот парламент, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку владата на Ковачевски стави потпис на документ во кои ќе бидат вклучени сите барања на Софија, можеби ќе се случи првата меѓувладина конференција, но никогаш нема да започнат преговорите на Македонија со ЕУ, додека ние како граѓани не се асимилираме и како Бугари влеземе во рамките на ЕУ“, сметаат оттаму.

Ја повикаа владата да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, воедно и да излезат пред македонското Собрание и на граѓаните да им соопштат што точно опфаќаат работите кои ги соопштува Петков.

„Потребно е национално единство и консензус во врска со македонските црвени линии во однос на преговорите со Бугарија“, додаваат од опозициската партија.

Слични содржини