Колку и да сварите и обоите јајца, сигурни сме дека после Велигден еден куп ќе останат неизедени, а некои често ги фрлате затоа што се плашите да не се расипат.
Еве неколку интересни рецепти со кои ќе ги искористите варените јајца за нови вкусни јадења!
Салата од мимоза
Потребни состојки:
150 гр шунка, 150 гр сирење, 3 варени јајца, 1 павлака, 2 големи варени компири, 150 гр мајонез.
Пилешка салата
Потребни состојки:
170 гр зелена салата, 300 гр варено бело месо, 2 тврдо варени јајца.
За прелив:
1 павлака, 1 лажица сенф, половина лажица сув зачин, 2 лажици мајонез.
Ница салата
Потребни состојки:
1 варено јајце, 1 домат, 1 краставица, 1 пиперка, 1 конзерва туна, неколку црни маслинки, 1 кромид, 1 главица зелена салата, малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер.
Полнети јајца
Можете да ги наполните и преостанатите јајца. Секое се сече на половина, се отстрануваат жолчките, се пасира и се меша со некоја од следните состојки.
# 1: Мајонез, сенф и сечкана шунка – во саканата големина # 2: павлака или сирење, ситно сечкани маслинки – во саканата големина # 3: краставици, чајна, измешани со крем сирење и магдонос.
И можете да направите некоја комбинација по ваш вкус!
Кога ќе ги измешате состојките и жолчките, едноставно со лажица пополнете ги вдлабнатините на половините од белките.
Торта од пиперки
Потребни состојки:
1 пакување тост леб, 10 печени пиперки
За филот:
400 гр мајонез, 2 павлаки, 4 кисели краставички, 4 варени јајца, 250 гр шунка, 100 гр фета сирење, малку кечап, 150 гр сирење.
Подготовка:
Наредете го тост лебот, од кој ја извадивте кората, па нанесете го првиот ред фил. Преку него парче сечкана печена пиперка, па повторно ред тост леб. Нанесете уште еден фил, па уште еден ред печени пиперки и на крај покријте со уште еден ред тост леб. Целата торта премачкајте ја со третиот фил и декорирајте со печени пиперки по желба.
Тортиљи со фил од јајца
Потребни состојки:
Готови или домашни тортиљи, 4 тврдо варени јајца, 150 гр варени компири, 160 гр мајонез, 300 гр мешан варен зеленчук, 70 гр кромид, 30 мл оцет, павлака, чили сос, сол и бибер .
Подготовка:
Загрејте ги тортиљите во тава, па наполнете ги, ставете ги на чинија и прелијте ги со чили сосот и павлаката.