За оние кои постат: Топчиња од јаболка и ореви

од Vladimir Zorba

Мали слатки закуски погодни за оние кои постат.

Состојки:

– 5-6 јаболка

– 100 гр шеќер

– 100 гр ореви

– 100 гр лебни трошки или бисквити по желба

Подготовка:

Излупете ги и изрендајте ги јаболката.

Потоа додадете шеќер, па динстајте на умерена температура за да испари сокот. Треба да има густина на џем.

Се трга од шпорет, па се додаваат мелените ореви, лебните трошки или мелените бисквити.

Добро соединете со рака, обликувајте топчиња, па валкајте ги во кокос, мелени бисквити или мелени ореви.

Добар апетит!

Слични содржини