Пукање во чајџилница во Чаир, еден загинат

од Берта Китинска
287 прегледи

Во престрелка што се случила вчеравечер во чајџилница во скопската населба Чаир, еден човек загинал, а двајца се ранети.

-Вечерва во СВР Скопје е пријавено пукање од огнено оружје во чајџилница на ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што, според пријавеното се повредени три лица, а едно од нив починало од повредите, информираа од МВР.