Смути кое ги воодушеви и холивудските ѕвезди: Пијалок за ДЕТОКСИКАЦИЈА кој брзо се подготвува

од Vladimir Zorba
407 прегледи

Иако целерот е познат како одличен додаток во исхраната, супи, салати и други деликатеси, светот е целосно полуден по „чудотворната течност“ што има врска со овој зеленчук – смути од целер.

Смутито од стапчиња целер е вистински хит на кој не можеа да одолеат ниту холивудските ѕвезди, па се повеќе се наоѓа на менито на познатите убавици.

Чаша од 200 мл дневно треба да придонесе за детоксикација на организмот, а за оние кои не го сакаат неговиот вкус, може да се додаде малку мед или едно јаболко.

Корисните состојки на целерот најдобро се чуваат во свежо цедениот сок од стеблото.

Ви треба:

4 стапчиња целер
2 лажици мед
1 зелено јаболко
2 чаши вода

Подготовка:

Целерот исечкајте го и кратко бланширајте го. Додадете го изладениот целер во блендер, потоа медот, јаболкото и водата и измешајте сè во еднаква течност.

Доколку сакате, можете да ја процедите течноста и да ја пиете како сок, но најдобро е да ја консумирате со блендирано овошје и зеленчук како смути.

Остатокот чувајте го во фрижидер и консумирајте го наутро на празен стомак пред или наместо појадок.

На здравје!

Слични содржини