Вработените во Управата за матични книги на штрајк: „Нема издавање документи“

од Берта Китинска
239 прегледи

Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на Управата за матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк.

-Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад две недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, велат од КСОМ.

Од синдикатот велат дека во случај на подолго времетраење на штрајкот огромниот број на граѓани на државата од дијаспората кои вообичаено доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват своите лични документи, а задолжително претходно од управата за матични книги вадеа бројни документи , оваа година е можно да не можат да ги обноват поради најавениот штрајк.

Слични содржини