Шаленберг: Важно е ЕУ да не го заборави Западен Балкан

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг рече дека за него како шеф на дипломатијата е особено важно ЕУ да не го заборави Западен Балкан, кој со години беше во чекалната во Брисел, и изрази изненаденост од критиките за неговата изјава дека треба да се најде алтернатива за членство на Украина во ЕУ.

За време на посетата на Јордан, Шаленберг изјави за АПА дека јасно ставил до знаење дека Украина е дел од Европа и потсети дека во февруари во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на посетата на Киев, му кажал дека не е сигурен дали полноправно членство во ЕУ е единствениот начин.

Шаленберг подвлече дека како шеф на австриската дипломатија му е особено важно да не се заборави регионот на Западен Балкан, кој со години е во чекалната на ЕУ.

Слични содржини