Џони Деп вчера го заврши сведочењето против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, прогласувајќи се себеси за жртва на семејно насилство.
Со ова заврши четиридневното вкрстено испрашување за нивната турбулентна врска, во кое Деп се обиде да докаже дека Херд не била жртвата во нивната врска.
Потсетуваме, тој ја тужеше поранешната сопруга за клевета, откако таа објави колумна во Вашингтон пост во 2018 година, во која се нарекува жртва на семејно насилство.
Деп и Херд често ги снимале нивните кавги, за подоцна да си ги пуштат еден на друг, доколку не се договорат што кажал еден од нив, а тие снимки биле клучни докази на судот за време на вкрстеното испрашување на Деп.
Така, на поратата и беше претставена една од оние снимки на кои актерот ја предупредува Херд дека ќе има насилство доколку нивните кавги продолжат да се продлабочуваат.
„Следниот чекор, ако не заминам… ќе биде крвопролевање, како што беше случајот на островот“, вели Деп во видеото, цитирано од Гардијан.
На таа аудио снимка, која на суд ја објавија адвокатите на Херд, може да се слушне и како актерот ја замолчува со пцовки, кога таа му вели „да гаси цигари на некој друг“.
„Да, но има последици од твоите постапки!“ ѝ вели Деп во тоа видео.
Сепак, тој тврди дека цигарите не ги гасел на нејзиното тело, како што инсинуираа адвокатите на одбраната, туку дека „можеби и истресол пепел“.
„Таа не вреска од болка како да и изгасив цигара“, изјави актерот и обвинувањата дека тоа го направил ги нарече „лудо“.
На суд сведочеше и чуварот ангажиран од Дизни за да им помогне на парот додека биле во изнајмена куќа во Австралија, кој рече дека го нашол делот од прстот на Деп под шанкот, кој наводно му паднал кога едно шише вотка, со кое го гаѓала Амбер, го погодила во дланката.
Од друга страна, прочитани се и пораките кои Деп и ги праќал на мајката на Амбер Херд.
„Она што треба да го знаеш е дека твојата ќерка се издигна над кошмарната задача да се грижи за овој стар зависник. Ниту една секунда не минува да не ме чува, да не внимава и да не се грижи да сум добро. Има сила од илјада мажи“, ѝ напишал Деп.
Актерот претходно ги опиша обвинувањата за неговата злоупотреба на супстанции како „ужасно претерани“ и дека Херд е таа што ги довела до ескалација нивните кавги во физичко насилство.
Адвокатот на Херд постојано се осврнува на „чудовиште“, термин што Деп го користел во кореспонденцијата со Амбер, за кој тврдел дека доаѓа од неговата поранешна сопруга, за да ја опише неговата темна страна. Но, адвокатите на Херд му покажаа уште неколку преписки: со лекар, асистент и Елтон Џон, во кои Деп спомнува „чудовиште“.
Тој исто така даде различни објаснувања за тоа што е чудовиште. Во еден момент, тој рече дека станува збор за алкохол и дрога, а во друг дека „чудовиште е трезвеноста“, додавајќи дека го преплавиле барањата да престане да пие.
Набргу потоа дал уште едно објаснување: „Чудовиштето е лик кој бил доволно глупав за да продолжи да учествува во кавги кои не водат никаде“.
Во едно видео Деп и Херд зборуваат за една од кавгите кои ги имале, кога Деп сака да се дистанцира од неа на кратко.
„Како можам да ти верувам дека ќе биде на неколку минути кога си го направил тоа претходно и исчезнуваш на неколку часа?“, вели Херд.
„Во кавгите имаш навика да удираш“, ѝ вели Деп.
„Зборувам за кавги, а не за ситуации кога е физички. Веднаш заминуваш. Не сакаш да се справиш со проблемот. Не сакаш да се соочиш со него и само да си заминеш. Тоа го правиш на неодредено време. Го правиш без покажување на почит“, одговара таа.
Додека беше испрашуван од неговите адвокати, Деп беше прашан како се чувствува кога Херд објави колумна во Вашингтон пост, што е причина за неговата тужба за клевета, во која тој се опиша себеси како „јавна личност која застапува семејно насилство“.
„Во тој момент, обвиненијата ми беа ставани на грб веќе две години. Не можев да поверувам. Беше јасно дека госпоѓица Херд ја продолжува потерата по мене. Мора да се направи нешто“, рече тој, додавајќи дека „ не можел повеќе да издржи“.
Деп рече дека чувствувал дека нема можност да одговори на обвинувањата против него, а дотогаш Дизни веќе го отпуштил од франшизата „Пиратите од Карибите“.
„Ме болеше како некој да ме удри со даска по глава. Дури и кога се обидов да направам интервју за да се оправдам, текстот покажа извртена вистина“, рекол актерот.
Поротата имаше можност да слушне и видео во кое Деп и Херд зборуваат за тоа како да се справат со наводите за семејно насилство кои веќе протекоа во печатот.
„Не знам како да си ја вратам репутацијата“, вели Херд во видеото. Деп им предложи да напишат заедничка изјава во која ќе наведат дека се сакаат и ги обвинуваат медиумите дека креваат прашина.
Судењето, исто така, се осврна на насилните и вознемирувачки пораки што ги разменил со Пол Бетани, во кои Херд ја нарекува со погрдни имиња.
Случајот продолжува, а Амбер Херд наскоро треба да ја претстави својата страна од приказната.