Денеска пред седиштето на СОНК се собраа голем број на наставници, по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков појасни дека не е потпишан договор и дека за предлогот треба да се изјаснат членовите . По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена.
– Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сеуште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков.