226
Финска и Шведска би можеле заедно да одлучат дали ќе влезат во НАТО или не, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи – Пека Хависто.
Според Ројтерс, руската инвазија на Украина ги принудила Шведска и Финска да се запрашаат дали нивната долгогодишна воена неутралност сè уште е најдоброто средство за обезбедување национална безбедност.
Шведскиот весник „Експрес“ вчера објави дека Шведска и Финска се договориле истовремено да аплицираат за членство во НАТО.