Османи од Софија: Сега е време за решение, имаме идеална шанса

од Nikola Popovski
184 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Софија изјави дека се уште нема решение за отворените прашања, што би било прифатливо и за Бугарија и за Република Северна Македонија.

Османи при посетата на главниот град на Бугарија потврди дека преговорите се во тек и повика историските прашања да се препуштат на надлежната Мешовита комисија на двете земји.

Запрашан дали Скопје е подготвено да ги вклучи Бугарите во својот Устав пред да се укине ветото, Османи изјавил:

„Мислам дека сега имаме идеална шанса да постигнеме решение, кое ќе гарантира забрзување на процесот. Не е време да се чека со месеци и години. Одлуките мора да се носат сега, бидејќи ние сме одговорни за регионот и иднината дека мора да го направиме тоа и ќе го направиме тоа, но мора да ја имаме на ум важноста да се донесат правилни одлуки во моментот“, кажал македонскиот шеф на дипломатијата, пренесува „БНР“.