ПОЛСКА мора да го плати рускиот гас до полноќ 26-ти април според новиот начин во рубљи, објави компанијата „Газпром“.
Компанијата не ја потврди информацијата дека испораките на руски гас за Полска се веќе прекинати, нагласувајќи дека Варшава денеска е „обврзана да плати за испораката на гас во согласност со новиот начин на плаќање“.
Претходно полскиот портал „Онет“ објави дека Русија ја прекинала испораката на гас за Полска. Претходно Варшава објави дека нема да плаќа гас во рубли.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на Централната банка, Гаспром и владата да организираат трансфер на плаќања за гас во рубљи кон Европската унија и другите земји кои воведоа санкции кон Русија. Путин посочи дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени според постоечките договори. Рускиот лидер претходно донесе одлука непријателските земји во иднина да плаќаат гас во рубли, декретот важи од 1 април.