Трајанов: Не постои Македонец кој не сака добри односи со Бугарија

од Nikola Popovski
418 прегледи

Не постои Македонец кој не сака добри односи со Бугарија. Јас стојам на нашите национални интереси и мораме да имаме преговарачка позиција, ако ги продолжуваме преговорите. Тоа што го најавуваат од бугарска страна е неприфатливо за Македонија. Во Бугарија живеат Македонци и тоа мора да се респектира. Ако сега прифатиме промена на Уставот, што останува за ние да преговораваме? Кога ќе ги афирмираме потребите на Македонците во Бугарија? Никогаш, вели лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов.

Според него, Бугарија мора да ја прифати оваа обврска и додава дека влегувањето на Бугарите во македонскиот Устав не треба да биде услов во преговарачката рамка.

-Преговорите со Бугарија се минско поле, кој ќе нагази на мина ќе загине, многу внимателно треба да се водат тие процеси, изјави Трајанов во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини