Кога станува збор за појадокот, сигурно сте слушнале дека тој е и најважниот оброк во денот.
Всушност, истражувањата покажаа дека лошиот појадок може да доведе до пад на енергијата, а прескокнувањето доведува до прејадување подоцна во текот на денот.
Нутриционист посочува дури 6 видови појадок, на кои многумина посегнуваат, не знаејќи дека на тој начин му штетат на телото.
Еве кои намирници треба да ги избегнувате наутро:
1. Нешто од пекара
Верувам дека често се наоѓате во ситуација едноставно да немате време да подготвите појадок наутро, па пекарата некако е единствениот избор. Сепак, пекарските производи се богати со транс масти, бело брашно, а често и шеќер и имаат недостаток на хранливи материи. Дека пекарата е единствениот избор кога сте во брзање – не е. Постојат поздрави опции за носење. Речиси во секој маркет имате пакет салата, како и интегрален леб, пилешки гради, јогурт.
2. Интегрален бисквит
Честопати имате прилика наутро да гледате луѓе како грицкаат интегрални бисквити. А како да не, кога на пакувањето јасно пишува дека е „идеален“ за појадок. Сепак, ќе морам да ве разочараме. Ниту еден бисквит сам по себе не може да биде главен оброк. Освен што е калоричен и не е најздрав по состав, исто така нема да бидете заситени.
3. Смути / Шејкови
Смутито не е нездрава опција, но не е ниту најидеална за појадок. Кога ќе го исцедиме и изблендираме овошјето, тогаш ги губиме и влакната кои се пресудни за чувството на ситост. Овошјето, иако е многу хранливо, само по себе не може да обезбеди се што ни е потребно за вистински, обилен оброк.
4. Инстант каши и снегулки
Овесната каша во кесичка е богата со шеќер и адитиви, а од друга страна не е многу богата со хранливи материи. Купувањето фитнес снегулки не се разликува многу од стандардните слатки. Сето тоа е индустриски преработена храна, со многу шеќер. Подобра опција е сами да подготвите овесна каша, во комбинација со свежо, јаткасто овошје.
5. Кафе
Тешко дека пијалокот може да биде главен оброк, а особено не кафето. И тоа на празен стомак. Турското кафе без шеќер е одлично како пијалок, но не и како оброк. Можеби ќе ве разбуди, но нема да ви даде енергија, бидејќи му недостигаат макронутриенти и калории, па во основа сте го прескокнале појадокот. Ниту кафето со млеко не е многу подобро. Обидете се да пиете кафе после појадок и да не ви биде замена за ниту еден оброк.
6. Виршли и паштети
Треба да избегнувате производи од месо што е можно повеќе. Колбасите не само што се со сомнителен квалитет и состав, туку се и доста калорични. А и паштетата не е многу подобра. Ви препорачувам пилешки или мисиркини гради од сушено месо, а наместо да купувате паштета, домашна паштета од пилешко или туна. Хумусот е исто така одлична алтернатива.