289
Како дел од најновиот американски воен пакет помош за Украина, се планираат дополнителни пари за некои европски и земји од Западен Балкан – Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.
Одговорот на Стејт департментот на прашањето на Гласот на Америка ја разјасни структурата на пакетот помош од 713 милиони долари, а според тие информации, парите од последниот пакет за воена помош на САД за Украина ќе бидат поделени на „Украина и 15 други сојузнички и партнерски нации “ во Источна Европа и Балканот.
„Повеќе од 322 милиони долари од тие средства се издвоени за Украина и дополнително ќе ја подобрат нејзината способност да се брани од тековната руска војна“, прецизира Стејт департментот.