Петков: Го разгледуваме прашањето за транзитот на руски гас преку Бугарија за Србија и Унгарија

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Бугарскиот премиер, Кирил Петков денеска изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со „Газпром“, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија.

„Предупредувањето на Русија да ја прекине испораката на гас за Бугарија поради барање за промена на шемата за плаќање е сериозно прекршување на постоечкиот договор и уцена“, рече Петков, цитиран од Ројтерс.

Тој додаде дека Бугарија во моментов ги разгледува сите свои договори со Гаспром, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија, бидејќи „едностраната уцена не е прифатлива“.

Слични содржини